Background

Пиштолџиите од Гајре добија 30-дневен притвор

Двајца од осомничените М.Т. и З.М. за пукањето во тетовско Гајре од 10 август се во бегство, додека за сите четворица осомничени обвинителството одреди 30-дневен притвор, информираше Министерството за внатрешни работи.

Осомничениот Р.Т.(37) повреден во престрелката лежи во болница во Скопје. Против него, против 15-годишникот од Гајре и двете лица М.Т. и З.М. кои се во бегство се поднесeни пријави за кривично дело „убиство“, за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и  за „тешки дела против општата сигурност“.

МВР даде поконкретни детали за пукањето. Во соопштението се вели дека еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина.

- Advertisement -
Ad image

„На 10.08.2025 на улицата Благоја Тоска во Тетово, Р.Т. и 15-годишникот со употреба на автоматски пушки лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил „голф“, со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина“.

Според министерството, иако бил ранет од престрелката, З.М. и уште едно лице извадиле пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation