Background

Ужасни слики доаѓаат од Грција, каде што моментално се активни повеќе од 100 пожари

Ужасни слики доаѓаат од Грција, каде што моментално се активни повеќе од 100 пожари.

Пожарникарите се борат со пожари низ целата земја, а најдраматичните сцени се на Закинтос, Иос и околу Патра на Пелопонез.

Три лица се здобиле со тешки изгореници во пожар што избувнал во областа Патра, каде што пожарникарите вложуваат натчовечки напори да го локализираат пожарот што се шири со огромна брзина.

- Advertisement -
Ad image

Снимките што кружат ја покажуваат Патра, која што е познато летувалиште, обвиткана во чад.

– Во Ахаја, пожар избувна во градот Флогереика во областа Еримантос, а фронтови се присутни во областите Теријано, Моираеика, Палаја Перистера, Агиос Стефанос и Хаикали. Евидентирани се 16 евакуации, три лица со изгореници се однесени во болница, а има и извештаи за штети на куќи. Кратко по 16 часот, пожар избувнал и во близина на градот Патра, во областа Главкос – соопштија властите.

Како што наведоа, пожарот им се заканува на населбите и фабриките во Индустриската зона.

– Пожарот се прошири на многу фронтови – изјави заменик-регионалниот гувернер на Ахаја, Фокион Заимис.

– Населените области се во опасност, како и фабриките во Индустриската зона (ВИПЕ). Ние сме во Индустриската зона на итен состанок. На терен има пожарникари, многу градежна механизација. Се обидуваме да не дозволиме да стигне до „чувствителни“ фабрики со запаливи материјали. Во овој момент, не можам да ви кажам ништо повеќе, се води голема борба. Пожарот се прошири на многу фронтови – изјави Заимис за медиумите.

Како што изјави, евакуации на населбите се наредени од раните утрински часови.

– Постои можност некои луѓе да не ги напуштиле своите домови, а полицијата спасува луѓе од опасните зони. Амбулантни возила ги транспортираат оние со респираторни проблеми во болница. Ситуацијата е тешка – рече тој.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation