Ќерката на Матија Дедиќ продолжува по стапките на своето славно семејство

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За Габи Новак, пишуваат хрватските медиуми, семејството отсекогаш било најважно, а посебно место во нејзиниот живот заземала внуката Лу, ќерка на Матија Дедиќ. Таа зборувала за неа со топлина и гордост, нагласувајќи дека доаѓањето на нејзината внука отворило сосема ново поглавје во нејзиниот живот.

– Внуката Лу ни даде на Арсен и мене нова димензија во животот – рекла таа во едно интервју, присетувајќи се како таа и Арсен ја гледале како расте, откривајќи мали секојдневни радости со неа. Таа била особено среќна затоа што Лу покажала интерес за уметност и музика, наследство кое се пренесувало во семејството Дедиќ со генерации.

Лу настапуваше со својот татко

Во последните неколку години, Лу настапуваше со својот татко на концерти во чест на Арсен. 23-годишната Лу полека ја гради својата музичка кариера. Претходно соработуваше со Лео Деклева, минатата година се претстави со песната „Права ствар“, а воодушеви и со изведбата на песната „Задни сати љета“, која беше објавена на албумот „Лејдис“ на Матија Дедиќ.

Настап на „Дора“

Минатата година настапи на „Дора“ со песната „Плави лептир“, но не влезе во финалето.

– На почетокот чувствував еден вид товар бидејќи очекувањата се големи, секогаш ќе има споредби, но на крајот се помирив со тоа такашто повеќе не ме оптоварува. Едноставно ја носам таа гордост на моето презиме поради моето семејство и тоа е единственото нешто што сакам да го чувствувам, таа гордост – рекла Лу.

Share This Article