Background

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила на почетокот на 2026 година.

„Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството граѓани, иако во помал обем. Препорачливо е дома да се има готовина за основните потреби за период од барем неколку дена до недела“, наведе гувернерот на социјалната мрежа X.

 

- Advertisement -
Ad image

Тој додава дека приврзаниците на кешот ја истакнуваат анонимноста и слободата, што, според него, е став кој треба да се почитува.

„На современите луѓе треба да им се остави самите да одлучат во која мера, според сопствените потреби и преференции, ќе користат комбинација од платежни картички, апликации за плаќање и готовина за извршување на плаќањата“, наведува грувернерот во пораката.

Славески забележува дека  постои нерамномерна покриеност со банкомати низ земјата, поради што ќе се иницира создавање на национална мрежа на банкомати. Таа мрежа ќе се потпира на постојната инфраструктура на банките, со план за надградба и оптимизација во интерес на граѓаните и самите банки.

Според плановите, националната мрежа на банкомати треба да заживее до крајот на 2026 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation