Неверојатна изведба кај Големото Езеро под Пелистер

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ЈУ Национален парк „Пелистер“, НУ Народен театар-Битола и НУ Камерен оркестар на Битола, синоќа на Големо Езеро, под врвот Пелистер, ја изведоа претставата „Ноќта кога ја убив месечината“.

Претставата во која настапија актерите Марјан Ѓоргиевски и Александар Копања претставува атрактивна понуда на националните установи кои одлучија на полна месечина и на надоморска висина од 2218 метри да играат на отворено.

Сите посетители претходно обезбедија дозвола за престој на планината и следење на овој прв проект од ваков тип во историјата на битолскиот театар.

„Совршениот спој на вечноста отсликана низ отсјајот на полната месечина на површината на езерото и моќната енергија на актерите инспирирани од мирот и спокојот на природната сцена, надополнети со желбата на публиката да се доживее едно ново патување низ реалноста на секојдневието, ја направија оваа изведба многу повеќе од обична театарска уметност. Убавините на природната сцена на моменти делуваа и помалку нереално, а присутните ја проследија театарската претстава во неверување дека и тие се дел од еден магичен миг на вечноста“, велат од Националниот парк – Пелистер.

 

Share This Article