Background

Исплатени се над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци

Земјоделството останува врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со вреднување на трудот, преземање конкретни мерки и редовна и навремена исплата на субвенции, се враќа достоинството на земјоделците, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Земјоделците се едни од најважните чинители на македонското општество, кои со својот неуморен труд и вредни раце, обезбедуваат храна за македонските трпези.

Македонските земјоделци ја добиваат заслужената грижа од државата, на скоро 8.000 земјоделци се исплатени над 407 милиони денари, директни плаќања.

- Advertisement -
Ad image

Имено, во рамките на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, исплатени се 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци, односно градинари, за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.

Висината на директните плаќања се однесува на предадените култури за периодот мај-јуни и ноември-декември 2024 година, која изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, додека за пиперката од сортата куртова капија висината на директните плаќања изнесува 5 денари по килограм.

Паралелно на ова, од Програмата за финансиска поддршка за 2025 година се изврши исплата од над 147 милиони денари кон 3.686 земјоделци за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар за кравјо млеко и 7 денари по литар за овчо и козјо млеко, а овие исплати се однесуваат за период јануари, февруари и март 2025 година.

Со ова, континуирано и навремено продолжува поддршката кон градинарството и сточарскиот сектор, и воопшто на целокупното земјоделство за зголемување на земјоделските производи и површини и нивната конкурентност.

Од почетокот на мандатот на Влада кон земјоделците се исплатени над 11 милијарди денари, што ја покажува и потврдува посветеноста за развој на македонското земјоделство.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation