Background

Чешкиот професионален рибар Јакуб Вагнер повторно го помести сопствениот рекорд и го воодушеви светот на спортскиот риболов

Чешкиот професионален рибар Јакуб Вагнер повторно го помести сопствениот рекорд и го воодушеви светот на спортскиот риболов.

Во раните утрински часови на 2 август годинава, на Врановското Езеро во Чешка, тој успеа да улови џиновски сом долг 2,68 метри – редок улов дури и за најискусните рибари. Фотографиите од уловот веќе се вирални на социјалните мрежи.

„50 минути возбуда, борба и издржливост“ – така Вагнер ја опиша драматичната сцена што се одигра додека ловел сам на чамецот. Тој потврди дека ова е најголемиот сом што досега го има фатено, надминувајќи го претходниот личен рекорд.

- Advertisement -
Ad image

На својата официјална страница на Фејсбук, Вагнер го опиша моментот во детали:
„Бев исцрпен, скоро и да не спиев, функционирав на автопилот – но знаев дека нешто големо ме чека во водата“.

Додека веслал под една карпа обрасната со корени, Вагнер забележал нешто необично во водата.

„Мислев дека е големо парче дрво, но всушност беше џиновски сом што мирно пливаше“, напиша тој. Веднаш го спуштил мамецот – и чекал.

Првите 10 минути не се случувало ништо. Потоа – нападот.

„Едвај приметливо повлекување – и потоа моќта на рибата ми го повлече целиот чамец“, објаснува Вагнер. Сомот влечел метар по метар од рибарската линија – и покрај тоа што кочницата била целосно стегната.

Борбата траела цели 50 минути, по што конечно успеал да го извлече соменот. Само еден ден претходно, Вагнер уловил уште еден „џин“ долг 250 сантиметри, но како што самиот вели, во споредба со новиот улов, тој изгледал „како дете“.

„Не беше импресивна само должината, туку и масата на животното – дишев како да сум трчал маратон“, вели Вагнер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation