Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули, на годишно ниво пораснала за 4,8 %, а индексот на цените на мало бележат раст од 5,3 %.
На месечно ниво во јули инфлацијата е зголемена за 1,1% додека цените на мало за еден месец пораснале за 3,1%.
Повисоката инфлација во јули во однос на јуни, според податоците на Државниот завод за статистика, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 9,9 %, во групоте рекреација и култура за 2,1 %, кај рестораните и хотелите за 1,2 %. Трошоците за мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата се зголемени за 0,7 %, додека кај здравјето, храната и безалкохолните пијалаци е забележан раст од 0,3 % ,а кај облекаата и обувкивките и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 %.
Во јули намалување на трошоците на животот е забележано во групите разновидни стоки и услуги и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 %.
Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖