Background

Владата на Туск стравува од државна криза

Во своето прво обраќање пред парламентот по инаугурацијата, новоизбраниот претседател на Полска, Карол Навроцки, во средата вети дека ќе се залага за промена на Уставот со цел да ја заштити сувереноста на земјата, што го поставува на курс на судир со премиерот Доналд Туск и со неговата центристичка влада околу стандардите на демократијата, објави Ројтерс.

Националистот Навроцки го започна својот мандат во сенка на потенцијален 2-годишен политички конфликт со Туск, кој сака да ја доближи Варшава до Европската Унија и да ги поништи спорните судски реформи спроведени од претходната власт на конзервативната партија Право и Правда (ПиС), со која Навроцки е блиско поврзан.

Претседателот има овластување да става вето на закони, што веќе доведе до политички ќорсокак во претходниот мандат на Анджеј Дуда, сојузник на ПиС, чииот мандат заврши во средата. Претседателот, исто така, има право да предлага свои закони.

Навроцки сака да го ограничи влијанието на ЕУ

- Advertisement -
Ad image

Навроцки не откри конкретно кои уставни измени ги има на ум, но истакна дека треба да се ограничи влијанието на Европската Унија во одредени области. ПиС го обвинува Туск дека со укинувањето на нивните судски реформи ја поткопува уставноста, иако ЕУ оцени дека тие реформи ја нарушуваат демократијата. ПиС, пак, тврди дека со нив го направиле системот поправеден и поефикасен.

Меѓутоа, за да се промени Уставот потребно е двотретинско мнозинство во парламентот. ПиС е во опозиција откако ја загуби власта во 2023 година, но се надева дека победата на Навроцки ќе ги зајакне за парламентарните избори во 2027 година.

– Во последно време, полскиот Устав се крши толку редовно, што ние, како политичка класа, мора да почнеме да работиме на решенија за нов Устав што се надевам ќе биде подготвен за усвојување до 2030 година – изјави Навроцки.

Противник на нелегалната миграција и на воведување на еврото во Полска

Поранешниот директор на Институтот за национално сеќавање на Полска, кој доби поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп, додаде дека се противи на нелегалната миграција и на воведување на еврото во Полска.

Иако ниедна политичка партија во Полска моментално не се залага за приклучување кон еврозоната, и владата и ПиС се обидуваат да се прикажат како остри противници на имиграцијата.

– Ќе бидам гласот на оние кои сакаат суверена Полска што ќе биде дел од Европската Унија… но ќе остане Полска – рече тој, ветувајќи дека ќе се спротивстави на секој обид од Брисел да ја „одземе власта на Полска“.

„Нема да има соработка“

Пратениците на ПиС биле воодушевени, додека пратениците од проевропската коалиција на Туск гледале со незадоволство.

„Нов претседател кој најавува кршење на Уставот и непочитување на владеењето на правото, тоа е дефинитивно лош почеток. Овде нема да има соработка“ напиша на Икс заменик-премиерот Кжиштоф Гавковски од коалицискиот партнер Левица.

Владата обвинува дека ПиС ја политизирала судската власт за време на осумгодишното владеење, што заврши во 2023 година. ПиС го негира тоа, тврдејќи дека реформите, кои го сменија начинот на назначување и дисциплирање судии, биле насочени кон елиминирање на остатоците од комунизмот.

Сепак, Владата бавно напредува во укинувањето на реформите на ПиС, а неисполнувањето на други ветувања, како што е либерализацијата на законите за абортус, негативно влијае на нејзината популарност.

Поддршка на улиците и обвинувања за саботажа

Стотици поддржувачи на Навроцки се собраа пред парламентот со полски знамиња, а потоа маршираа до Претседателската палата.

ПиС ги повика своите поддржувачи масовно да излезат, обвинувајќи ги либералните противници дека со судски приговори се обидуваат да ја саботираат победата на Навроцки и да ја поткопаат волјата на народот.

Врховниот суд, сепак, го потврди резултатот од изборите, изјавувајќи дека неправилностите на одредени избирачки места не влијаеле суштински врз вкупниот исход.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation