Background

Тошковски најави „маалски полицаец” за секоја улица – остана само да најде полицајци

Министерот за внатрешни работи најави дека од есен 2026 година граѓаните ќе ги гледаат „истите полицајци на истите улици”, но реалноста на теренот покажува сосема поинаква слика

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна ја промовираше идејата за „маалски полицаец”, најавувајќи дека од есен 2026 година граѓаните ќе ги гледаат истите полицајци на истите улици во нивните населби. Овој концепт, според министерот, треба да стане дел од новиот закон за полиција и да обезбеди континуитет и доверба меѓу граѓаните и полицијата.

„Преку новиот закон за полиција, очекувам веќе од следната есен да имаме зголемена видливост на полицијата на терен. Истите службеници ќе бидат присутни во истите реони, со цел континуитет и доверба”, изјави Тошковски.

- Advertisement -
Ad image

Меѓутоа, амбициозните планови на министерот се судираат со суровата реалност со која се соочува МВР. Полициските служби низ земјата се борат со масовни откази на кадар, првенствено поради ниските плати кои не можат да се натпреваруваат со понудите на приватниот сектор.

Дополнителен проблем претставува застарената опрема и возилата во распадната состојба. Полицајците се принудени сопствени средства да инвестираат за поправки на службените возила, додека полициските станици едвај успеваат да состават основна смена за секојдневните потреби.

Концептот „еден полицаец на една улица” што го промовира Тошковски би барал значително зголемување на бројот на униформирани службеници. Експертите проценуваат дека за реализација на ваква идеја би биле потребни над 100.000 полициски службеници или двајца полицајци по глава на жител, што е далеку од моментните капацитети на МВР,поточно невозможна мисија.

Критичарите укажуваат дека ваквите изјави се дел од предизборната реторика, особено имајќи предвид дека конкретни чекори за решавање на основните проблеми во полицијата сè уште не се преземени цела една година. Додека министерот најавува револуционерни промени, полициските станици се борат да одржат минимално ниво на функционалност.

Прашањето останува отворено: како МВР планира да реализира концепт кој бара масивни ресурси, додека истовремено се соочува со хроничен недостиг од кадар и средства? Граѓаните очекуваат конкретни одговори, а не само амбициозни ветувања.

С.Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation