Едно лице загина, а едно е повредено откако автомобилот во кој се возеле удрил во лос во близина на влезот во Националниот парк и резерват Денали на Алјаска, јави Си-Ен-Ен.
Судирот на возилото со лосот се случил околу 1 часот наутро во петокот, јужно од влезот на патот Денали Парк во близина на милја 235 од автопатот Џорџ Паркс, исто така познат како автопат Паркс, се наведува во соопштението на паркот.
Возачот (24), кој бил од Бугарија, починал на лице место. Неговата сопатничка (24), македонска државјанка, била однесена во болница во Фербенкс.
Националната служба за паркови го истражува инцидентот и соработува со бугарската амбасада за да го извести семејството на возачот.
„Судирот служи како потсетник за опасностите од дивиот свет по патиштата на Алјаска. Лосовите, ирвасите и другите големи животни често се активни во зори, самрак и во ноќните часови и може да бидат тешко видливи“, се додава во соопштението.
Паркот ги повика возачите да забават во темница и да користат долги светла.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
