Тројца украински војници загинаа, а уште 18 се здобиле со повреди во руски ракетен напад врз единица за воена обука, што се случил ноќта меѓу вторник и среда, соопштија Копнените сили на Украина.
Иако не е прецизирана локацијата, украински воени блогери посочуваат дека нападот веројатно се случил во Черниговската област, на северната граница со Русија.
„Непријателот изврши ракетен удар врз територијата на една од нашите единици за обука. За жал, и покрај преземените безбедносни мерки, не беше можно целосно да се избегнат загуби меѓу персоналот“, се наведува во официјалното соопштение објавено на Телеграм.
До 21:30 часот, според податоците на украинската армија, потврдени се тројца загинати и 18 повредени. Според неофицијални информации, повредените се пренесени во воени болници, а состојбата на неколкумина се оценува како критична.
Ова не е првпат Русија да напаѓа украински центри за обука. На почетокот на јуни, во сличен воздушен напад врз воен објект, животите ги загубија 12 војници, а десетици други беа повредени. Тогашниот командант на Копнените сили на Украина, генерал Михајло Драпати, ја понуди својата оставка по трагичниот инцидент.
Нападите врз воени објекти во внатрешноста на Украина стануваат сè почести, што предизвикува загриженост кај командниот кадар и притисок за зајакнување на одбранбените системи на чувствителни локации.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖