Background

Хеликоптер денеска се урнал во Германија, а спасувачките екипи трагаат по екипажот

Хеликоптер денеска се урнал во Германија, а спасувачките екипи трагаат по екипажот.

Леталото се срушило меѓу местата Голцерн и Требсен, во близина на градот Грима (Саксонија). Според сознанијата на германскиот весник „Билд“ од безбедносни извори, германската војска (Бундесвер) трага по хеликоптерот, пилотот и по можните членови на екипажот, пренесе Мондо.

Делови од урнатините пловат по реката Мулде

Делови од урнатините на хеликоптерот се пронајдени како пловат по реката Мулде. На местото на несреќата пристигнале бројни спасувачки екипи од противпожарната служба и oд полицијата. Повикани се и нуркачи.

- Advertisement -
Ad image

Според првичните информации, делови од леталото биле откриени од кајакари кои се движеле по реката. Локацијата на несреќата се наоѓа во близина на автопатот А14, помеѓу Дрезден и Лајпциг. Кајакарите налетале на остатоците и ги известиле надлежните служби.

„Засега без коментар“

На прашањето за несреќата, портпарол на војската изјавил:

– Во овој момент не можеме да дадеме никакви изјави.

Полицијата ја прогласила локацијата на несреќата за воена и за забранета зона и строго им забранила на граѓаните да фотографираат.

Портпаролката на полицијата, Сузан Либке, изјавила дека сè уште трае потрагата по екипажот. Според првичните информации, кајакарите околу 11:30 часот забележале делови од хеликоптерот во реката и ја известиле полицијата.

Во моментов, противпожарните служби, сојузната полиција и речната полиција работат на вадење на хеликоптерот од реката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation