Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Вкупно гласаа 71 пратеник, сите гласаа „за“, немаше против, ниту воздржани.
– На Собранието му предлагам да го донесе следниот заклучок: Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител – рече потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, која ја водеше седницата.