Сите изгорени шуми ќе се обноват, најави Меџити

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска најави дека државата нема да дозволи изгорените планини да останат голи, ќе има пошумување секаде каде што огнот остави пустош.

– Работиме превентивно и стратешки. Без оглед на тоа чии се ингеренциите, заеднички настапуваме и ги гаснеме пожарите. Таму каде што е потребно – ќе има пошумување. Гарантирам! – рече Меџити на новинарско прашање, по потпишувањето договори за набавка на опрема за управување со отпад за општините.

Според последниот биланс од Центарот за управување со кризи, во земјава се активни три пожари, пет се ставени под контрола, а вкупниот број пожари е 15.

Најопасната ситуација останува во Малешевијата, каде планините Голем Готен и Малешевските ридови сè уште се под чад. Таму гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Во Прилеп, крај село Бешиште, местото викано Бешишки Рид, огнот стигнал до краците кон Градешница и границата со Грција. Интервенција не се врши поради детонации. Додека тоа тлее, ново жариште се шири меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во Прилеп, како и селата Галиште и Трстеник во Кавадарци. Таму гори мешана шума и ниска вегетација.

Сепак, некаде се гледа светло на хоризонтот: пожарите во Црешево, Локвица и Крапа, како и во Грешница и Латово, сите во Општина Македонски Брод, се ставени под контрола. Истото важи и за пожарите во Штипско и Карбинци.

Share This Article