Жена во неделата со остар предмет убила маж во центарот на Загреб

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Жена во неделата со остар предмет убила маж во центарот на Загреб, објави Б92.

Сè се случило во 13:25 часот на улицата Пјеротијева, а според медиумите, осомничената била испрашувана синоќа, во неделата, а денеска, понеделник, се очекуваат нејзино приведување, распит пред истражен судија и одлука за истражен затвор.

Осомничената е 36-годишната Соња Храњец, која живеела во просторот Медика, откако останала без дом поради конфликт со семејството.

Поранешната фронтменка на загрепскиот панк-бенд „Абергаз“ јавно зборувала за проблемите со кои се соочуваат трансродовите лица, како и за нејзината промена на пол. Таа објавила и полуавтобиографски роман насловен „Две недели пред Третата светска војна“.

Убиениот, 43-годишниот В. Г., бил уметник кој изведувал улични перформанси во Загреб и исто така живеел во Медика.

Се верува дека несогласувањата меѓу нив траеле подолго време. Според неофицијални информации, Храњец и жртвата се скарале и во април, по што тогаш таа ја повикала полицијата.

– Ги гледавме и двајцата, знаеме дека тука живееја. Него го видовме пред 3 дена. Подобро го познававме него отколку неа бидејќи него го викавме кога од нивната зграда ќе паднеше нешто во нашето двориште, на пример цигли. Го викавме и за нередите што ги правеа нивните гости пред нашите влезови, но повеќе од тоа не знаеме – изјавиле соседи од улицата Пјеротијева.

Полицијата ја обезбеди сцената на злосторството со лента, а на местото на настанот пристигнале и пожарникари. Во просториите на Медика, каде што жената го убила мажот, влегле со клешти и со рефлектори.

Инаку, просторот на поранешната фабрика за лекови „Медика“ со години претставува едно од клучните места за независна култура и за собирање на млади во Загреб, како и „прибежиште“ за бројни уметници и креативци. Градскиот уред за имотно-правни работи и имот на Загреб во 2017 година побарал да се испразнат тие простории.

- Advertisement -
Ad image

Откако здружението покрена петиција за стопирање на одлуката – која беше поддржана од уметници како Дарко Рундек, Мирела Приселац Реми и Вилим Матула – тогашниот градоначалник Милан Бандиќ, во обид да освои уште еден мандат, се повлече од намерата.

Инаку, Соња Храњец го променила полот пред околу 15 години. Пред транзицијата била позната како Њец Храњец и јавноста ја памети по нејзините перформанси, критики кон политиката за ветерани и по сатирични протести во Загреб.

Жртвата, В. Г., бил познат перформер, кој станал познат во 2017 година кога извел перформанс во кој ползел на колена од улицата Боговиќева до плоштадот на бан Јосип Јелачиќ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article