Преку итно соопштение, објавено на грчки и англиски јазик, крајбрежната служба на Грција упати апел до јавноста да помогне, доколку има какви било информации во врска со телото на девојчето пронајдено вчера наутро во морскиот дел во близина на плажа на атинската ривиера, јави дописничката на МИА од Атина.
Девојчето е на возраст од три – три и пол години и 24 часа по пронаоѓањето на безживотното тело, останува неидентификувано, а од крајбрежната служба апелираат секој граѓанин кој знае нешто поврзано со идентитетот на детето, неговото семејство или има какви било други информации што би можеле да помогнат во истрагата и откривање на идентитетот, да стапат во контакт со надлежните.
Телото на девојчето беше пронајдено вчера наутро од случаен минувач, било пренесено во детска болница каде што лекарите констатирале смрт и дополнително ќе се изврши обдукција.
Според информациите во грчките медиуми што не се официјално потврдени, на телото на девојчето постоеле траги на насилство, иако не е јасно дали станува збор за повреди од кривично дело или се предизвикани од морето.
Девојчето носело тиркизен костим за капење со долги ракави, има кафена кратка коса и исончана кожа.
Tagged as:
Властите очајно бараат помош кое е мртвото дете пронајдено кај Атина
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖