Грција бара авиони од Европскиот механизам за цивилна заштита

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За справување со активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони, информираше портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракојанис, јави дописничката на МИА од Атина.

Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина; во северна Грција; на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.

Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.

– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони – рече Ватракојанис.

Тој додаде дека по наредба на началникот на противпожарната служба, сите служби на територијата се ставени во општа готовност, како и сите сили за цивилна заштита.

За Атика, Евија, и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.

Share This Article