Background

Во полна сила избувна пожар во близина на Неохораки, општина Неа Пропонтида, на Халкидики — познат туристички регион препознатлив по прекрасните плажи и многубројните туристи

Во полна сила избувна пожар во близина на Неохораки, општина Неа Пропонтида, на Халкидики — познат туристички регион препознатлив по прекрасните плажи и многубројните туристи.

Во гаснењето на пожарор се ангажирани 30 пожарникари, 10 противпожарни возила, два пешачки тима и очекувано е да започне и хеликоптерска акција за гасење со вода.

Грција се подготвува за „екстремен ризик од пожар“ (категорија 5), во саботата на, 26 јули. Тоа значи највисоко ниво на аларм за пожар: над сите нивоа претходно оваа година.

112 пожарни фронтови во целата земја

- Advertisement -
Ad image

Вкупно седум региони се погодени од пожарни фронтови и подигнати се 112 предупредувања. Повисока тревога (категорија 4) е прогласена за Западна Грција, Фтиотида, Фокида, Закинтос, Магнезија, скоро целиот Северен Егеј, Крит и Тракија, вклучувајќи ги Родопите и Еврос.

Температурите на копното во Грција ж ќе се искачат до 44 °C, додека во Атина и во западните делови се очекуваст и до 43–44 °C. Ноќната температура нема значително да опаѓа (околу 28–29 °C), а влажноста ќе остане под 10 % — тоа значи дека растителниот свет е сериозно запаллив дури и без ветрови.

Професионалец од метеоролошката служба предупредува: „Го изгубивме ноќното кочење — во нормални услови, ноќта го гаси ширењето на пожарот, но не ова лето”.

Други региони под сериозна закана се Стика (вклучувајќи ја Кифира), Средна Грција (особено Бојотија и Евиа) и целиот Пелопонез. На удар е и Крит, особено регионите како Месара, исто така се на удар.

Акции, предупредувања и штети

Грчките институции ги известија регионите и општините да бидат во највисока готовност: пожарникарки сили, воздушна помош и безбедносни служби се во целосна алармна фаза.
Граѓаните се повикани да избегнуваат секакви активности што можат да предизвикаат искри – од пилкање дрва до фрлање цигара — бидејќи во овие услови секоја небрежност може да предизвика експлозивна катастрофа.

Совети за туристите

Ако сте во Халкидики, или планирате да одите, придржувајте се до овие совети:

– Останете информирани, следете ги локалните предупредувања и бидете подготвени за итна евакуација.

– Во Атика, Евиа, Пелопонез: избегнувајте рурални активности, особено на отворено, и строго следете ги препораките од локалните власти.

– Во Крит и Тракија: доколку сте на плажа, останете близу до брегот или контактирајте ги локалните служби за свој безбедносен план.

Што друго треба да се знае за овој викенд

Ова не е обичен топлотен бран. Ова е комбинацијата од рекордно високи температури, длабока суша, ниска влажност и зголемена човечка активност туризам, кампување, плажи). Тоа создава експлозивна мешавина од опасност.

На Халкидики ве очекува огнен викенд, кој го загрозува не само природниот амбиент, туку и туристичкиот летен сон на многумина.

Тоа сè уште не е причина да се откажете од вашите планови за одмор во Грција. Но, бидете одговорни и крајно внимателни. Особено внимателен треба да е секој што е блиску до плажи, шуми и рурални области.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation