Background

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување на помош од 15 милиони евра за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на Вооружените сили на Албанија

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување на помош од 15 милиони евра за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на Вооружените сили на Албанија.

Станува збор за втор пакет помош за Албанија во рамките на Европскиот мировен инструмент, откако претходно на албанската Армија ѝ беа доделени 13 милиони евра за зајакнување на способноста за навремено и ефикасно распоредување.

– Албанија е близок и постојан партнер на ЕУ во надворешната и безбедносната политика, придонесува во операциите на ЕУ и е сојузник во НАТО. Зајакнувањето на нашата безбедносна и одбранбена соработка со Албанија директно ги зајакнува европската стабилност, безбедност и мир – порача високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по повод денешната одлука на Советот.

- Advertisement -
Ad image

Дополнителните 15 милони евра помош, според Советот на ЕУ, ќе придонесат за зголемување на можностите на Албанија да придонесува во операциите и мисиите на Унијата и на другите меѓународни коалиции.

Со овие средства, за потребите на Вооружените сили на Албанија ќе бидат обезбедени лесни оклопни повеќенаменски, тактички и инженерски возила, материјали и услуги поврзани со нив, како и обука за оперативни активности и одржување.

„Денешната одлука го илустрира силниот континуиран ангажман на ЕУ со Албанија во однос на безбедноста и одбраната. Таа, исто така, ја одразува заедничката посветеност за зајакнување на соработката во оваа област, врз основа на Договорот за партнерството во безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Албанија од ноември 2024 година и започнувањето на првиот дијалог за безбедност и одбрана во април 2025 година. Усвојувањето на новиот пакет за поддршка е потврда за целосното усогласување на Албанија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“ се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Во април оваа година Советот на ЕУ, исто така преку Европскиот мировен инструмент, и додели 15 милиони евра помош и на македонската Армија за зајакнување на нејзините одбранбени капацитети и способности и оперативна подготвеност. Овие пари беа наменети за обезбедување опрема за разузнавање, надзор и извидување и за електронско војување, за комунални и инженерски возила, комуникациски и информациски системи и опрема за борбена обука, како и за оперативна обука за нивно користење.

Од 2023 година, па досега вкупната помош од ЕУ за земјава во рамки на Европскиот мировен инструмент достигна 38 милиони евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖