Background

Хеликоптерите на МВР фрлија 30 тони вода на Плачковица

Активни се 15 пожари на отворен простор заклучно со 20.30 часот, од вкупно 28 евидентирани денеска. Два се под контрола, а 11 се изгаснати.

Како што информира вечерва Центарот за управување со кризи, активни пожари има во општините Василево, Радовиш и Берово кај с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација, два во Прилеп во с. Бешиште, Бешишки Рид, крак кон с. Градешница и крак кон границата со Грција, со зафатена мешана шума. Активен е кракот кон с. Дрен, додека под контрола е помеѓу селата Царевиќ и Смолани, каде гори мешана шума и ниска вегетација.

Во Македонски Брод во с. Црешнево гори ниска вегетација, а помеѓу с. Локвица и с. Крапа деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во Штип – помеѓу с. Драгоево и с. Селце, нискостеблеста шума, прнар и сува трева, во Карбинци – с. Јунузлија, шума, во Зелениково – с. Гумалево, ниска и мешана вегетација, во Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин, нискостеблеста и деградирана шума.

- Advertisement -
Ad image

Во Старо Нагоричане – с. Руѓинце и с. Орах, со пожар се зафатени шума, сува трева и куќа, во Куманово, во н. Ристово Трло и во с. Романовце сува трева, во Струмица – м.в. Три Води, вегетација, додека во Велес, кај ул. АСНОМ и помеѓу Росоман и Градско гори сува трева.

Под контрола се пожарите во Македонски Брод – с. Грешница, мешана шума и сува трева, и во Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна, дива депонија

Денеска два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи Бел 412 и Агуста Бел 212 активно дејствуваа во гасењето на на пожарот на планината Плачковица и пожарот во струмичко при што беа фрлени повеќе од 30 тони вода.

Од МВР најавуваат дена и во нередните денови продолжуваат активностите на полициските хеликоптери, сè до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation