Background

Поради топлотниот бран и високите температури што од вчера ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол заклучно со петок, ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот

Поради топлотниот бран и високите температури што од вчера ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол заклучно со петок, ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за култура на Грција и од Археолошката управа во Атина соопштија дека одлуката што важи до 25 јули е за заштита на вработените и посетителите од високите температури.
Новиот топлотен бран што ја зафати земјата, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела, а четврток и петок веројатно ќе бидат најтоплите денови.

Вчера, како што објави МИА, во централна Грција била измерена температура од 44,9 степени Целзиусови, што воедно е и највисоката регистрирана во текот на вчерашниот ден, додека пак според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, 102 од 550 метеоролошки станици измериле температури над 40 степени.

- Advertisement -
Ad image

Акропол и на почетокот на месецов, при првиот топлотен бран во земјата, беше затворен на неколку часа поради високите температури.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation