Катар официјално потврди дека е во активни преговори со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за можноста да биде домаќин на Летните олимписки и параолимписки игри во 2036 година, објави Катарскиот олимписки комитет (КОК) на својата веб-страница.
Претседателот на КОК, шеик Јохан бин Хамад Ал-Тани, изјави дека земјата веќе има 95% подготвена спортска инфраструктура, што ја става во значителна предност во трката за организација на ваков глобален спортски настан. Тој нагласи дека Катар не сака само да биде домаќин, туку да постави нов стандард за тоа како треба да изгледаат Олимписките игри во 21 век.
– Нашата цел не е само успешно да ги организираме Игрите, туку и да му понудиме на светот уникатно искуство кое ги комбинира инклузивноста, одржливоста и меѓународната соработка – изјави шеикот Ал-Тани.
Во официјалната најава, КОК нагласува дека, доколку добие зелено светло, Катар ќе стане првата земја од Блискиот Исток што ќе биде домаќин на Олимписки игри – чекор што би значел историски пресврт во геополитичката и спортската мапа на светот.
Според плановите, Олимпијадата во Катар би била изградена врз принципите на социјална, економска и еколошка одржливост. Шеикот Ал-Тани истакна дека ова би бил „арапски олимписки модел“, кој ќе се базира на вредности како разновидност, инклузивност и отвореност, користејќи ја моќта на спортот за обединување на нациите.
Катар веќе има значително искуство со организација на големи спортски настани од Светското првенство во фудбал 2022, до бројни атлетски, ракометни и тениски турнири и токму тоа, велат аналитичарите, го прави сериозен кандидат за Игрите во 2036.
Следните Летни олимписки игри ќе се одржат во Лос Анџелес (2028), а по нив Бризбејн, Австралија (2032). Одлуката за домаќинот на Игрите во 2036 се очекува во наредните неколку години.
Tagged as:
Катар го убедува ИОК за најголемите Игри досега
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
