Background

На концертот во саботата ја предупредувал публиката за кис камерата, прашал пар дали е легитимен

Фронтменот на бендот Колдплеј, Крис Мартин, се погрижи да ги предупреди сите присутни на концертот во саботата вечер дека можат да се појават на видеоекраните за време на изведбата на т.н. „Џамботрон сонг“, објави Си-Ен-Ен.

– Би сакале да им кажеме здраво на некои од вас во публиката. Како ќе го направиме тоа? Ќе ги користиме нашите камери и ќе ставиме некои од вас на големиот екран – рекол Мартин на сцената на стадионот Кемп Рендал во Медисон, Висконсин, според видео објавено на социјалните мрежи.

 

- Advertisement -
Ad image

Сѐ уште свирејќи на својата акустична гитара, Мартин се пошегувал:

– Значи, ако не сте си ја средиле шминката, сега е време.

 

Тој продолжил со таканаречената „кис кем“ динамика, но овој пат многу повнимателно.

– Дали сте пар? Дали сте легитимен пар? – прашал шеговито, но и очигледно „трауматизиран“ од претходниот инцидент.

Фронтменот на Колдплеј нервозно се шегувал додека камерите прикажувале нов пар, кој првично не реагирал, објави Метро ворлд њуз.

– Дали зборуваат англиски? Дали зборуваат шпански? Во ред, ќе ризикувам – додал со смеа, обидувајќи се да избегне уште еден вирален пресврт.

По неколку секунди комична тензија, парот конечно се бакнал, што предизвикало аплауз од цел стадион. На социјалните мрежи следуваа коментари: „Веќе го трауматизираа Крис Мартин“, „Сиротиот Крис, сега ќе се сомнева во сите“, „Крис засекогаш ќе се плаши“, „Колку прељубници ќе открие Крис?“

Ова доаѓа по концертот од претходната недела, кога камерата за време на „Џамботрон сонг“ фати маж и жена како се прегрнуваат. Двајцата веднаш се одделија и се обидоа да си ги сокријат лицата кога сфатија дека се прикажани на огромниот екран во арената.

– Опа, погледнете ги овие двајца. Или имаат афера, или се само многу срамежливи – рече Мартин во тој момент.

Онлајн „детективите“ бргу ги идентификуваа како извршниот директор на технолошката компанија „Астрономер“, Енди Бајрон, и Кристин Кабот, директорка за човечки ресурси во истата фирма.

Бајрон поденел оставка

Во саботата, компанијата објави дека Бајрон поднел оставка. За привремен извршен директор е назначен ко-основачот и директор за производ на „Астрономер“, Пит Деџој.

„Нашите лидери треба да бидат пример за однесување и за одговорност“, стои во претходното соопштение на компанијата.

Колдплеј сѐ уште нема издадено официјално соопштение за инцидентот, но интернетот е преплавен со мимови и хумористични видеа за моментот кој стана вирален.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation