Background

До 5 години затвор за секој што промовира тоталитарни идеологии

Претседателот на Чешка, Петр Павел, во четвртокот потпиша измена на Кривичниот законик со која се криминализира промовирањето на комунистичката идеологија, ставајќи ја на исто ниво со нацистичката пропаганда, објави Јурактив.

Според новиот закон, се воведуваат затворски казни до 5 години за секој што „оснoва, поддржува или промовира нацистички, комунистички или други движења кои очигледно имаат за цел да потиснуваат човекови права и слободи или да поттикнуваат расна, етничка, национална, верска или класна омраза“.

Измената доаѓа по повици од чешки историски институции, вклучително и од Институтот за проучување тоталитарни режими, кои сметаа дека постои правна нерамнотежа што треба да се исправи.

- Advertisement -
Ad image

Комунистичката партија на Бохемија и Моравска (КСЧМ), предводена од европратеничката Катаржина Конечна, која сега е дел од нова изборна коалиција наречена „Доста е“, го осуди потегот како политички мотивиран.

„Ова е уште еден неуспешен обид да се турне КСЧМ надвор од закон и да се заплашат критичарите на актуелниот режим“, соопшти партијата.

Останува нејасно како новиот закон ќе се применува врз партии како КСЧМ. Партијата моментално нема претставници во парламентот, но последните анкети покажуваат дека коалицијата има поддршка од 5% – доволно за да се врати во долниот дом на изборите во октомври.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation