Рокот е продолжен за уште 5 дена, пријавените мора да се активни баратели на работа

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Досега околу 400 кандидати се пријавиле на јавниот повик за владината мерка за ангажман на граѓани за превенција на пожарите, а рокот за пријавување е продолен за уште 5 дена, соопшти денеска раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– Вчера заврши јавниот повик за пријавување лица за владината мерка за превенција од пожари или борба против пожари. Интересот беше навистина голем, но се појави еден лимитирачки фактор, пред сè во тоа што еден од основните услови е лицата кои се пријавуваат да бидат регистрирани како активни баратели на работа. За жал, нам ни се пријавија повеќе луѓе вклучително и кај мене лично, но и во нашите институции, кои не се пријавени во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа или работат на други места, но се заинтересирани да се вклучат во оваа мерка. Но, од овие причини овие лица не можат да се приклучат кон оваа мерка – рече Ангелов.

Тој појасни дека оние лица кои не се активни баратели на работа имаат време и можат да се пријават во најблискиот центар на Агенцијата за вработување  и да поднесат соодветна апликација. Притоа лицата треба со себе да носат и лекарска потврда издадена од матичниот лекар во која се наведува дека немаат сериозни болести, кои би пречеле во извршување на работните задачи.

Ангелов рече дека целта на Владата е преку оваа мерка да се привлечат пред сè здрави и млади луѓе кои се заинтересирани да се занимаваат со пожарникарство како нивна професија во иднина.

– Да, примањата се навистина ниски, но овие примања се како една мала награда, која би им се дала за време на селекцијата на која тие би присуствувале. Нашата намера е лицата кои ќе се пријават да добијат униформа и опрема, да поминат неколкудневна обука и потоа оние кои ги исполнуваат основните услови да бидат вклучени во полесни пожари, вклучително гаснење пожар на тревни површини. Оние кои понатаму би се покажале како похрабри, поподготвени и кои влеваат надеж дека можат да бидат добри пожарникари, би имале можност да бидат вработени во локалните територијални противпожарни единици (ТППЕ) – рече Ангелов.

Од најдобрите, особено во скопскиот регион, како што рече, ќе се одберат лицата кои ќе станат дел од новата специјална единица за заштита и спасување, која веќе е во фаза на формирање.

Ангелов информира дека најмал интерес за оваа мерка има во Скопско, каде е предвидено ангажирање на 80 лица. Во останатите градови има поголем интерес.

Тој ги повика сите заинтересирани, особено младите кои се чувствуваат здрави и да аплицираат за оваа мерка.

Share This Article