Министерството за образование и наука, Факултетот за информатика од Штип и Бреинстер, приватна високообразовна установа ќе соработуваат во воведување на вештачката интелигенција во наставата во средните училиште.
На конференција денеска, 18 јули, беше потпишан трипартитен меморандум. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изрази задоволство што и јавна и приватна образовна установа со своето знаење ќе им помогнат на институциите во имплементирањето на интегрирањето на оваа технолошка иновација во наставните програми.
– Исто така, важно е и учениците да стекнат вештини за етичкa примена на вештачката интелигенција. Не очекува многу работа. На факултетот за информатика во Штип подготвуваме документ со насоки за наставниците и за учеицеите околу примената на вештачката интелигенција за што ќе биде вовед во воведување конкретни предмети за секое одделение во училиштата. Но, Бреинстер ќе помогне и во интергирање и на претприемништвото како област и тема во наставните програми за средните училишта. Им благодарам за подадената рака. Потребна ни е поддршка – рече Јаневска на конференцијата.
Министерката потсети дека МОН и Факултетот за информатика во Штип веќе подготвуваат документ со насоки за наставниците и за учениците околу примената на вештачката интелигенција од септември, што, како што рече, ќе биде увертира на воведувањето на конкретни теми во наставните програми во секое одделение.
Основачот на Бреинстер групацијата, Петар Ниновски потенцираше дека за нив ова е значаен ден бидејќи се формализира соработката со МОН и се прави голем чекор напред кон системски пристап во воведување на вештини поврзани со познавањето на вештачката интелигенција во средното образование.
– Веруваме дека заеднички можеме да изградиме образовен систем што не само што ги следи светските трендови, туку и активно учествува во нивното дефинирање. Среќни сме што државата го препозна потенцијалот кој го поседуваме и особено сме благодарни на министерката Јаневска за покажаното лидерство и визија. Младите заслужуваат квалитетна подготовка за да може да создаваат подобра иднина за Македонија. Чест ни е што сме дел од овој процес на трансформација на општеството – потенцираше Ниновски.