Словачкиот премиер добил гаранции за цените на гасот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европските лидери се согласија за новиот 18. пакет санкции за Русија, кој треба да биде изгласан денеска, информираа денеска неколку дипломати за ДПА.

Информацијата доаѓа по изјавата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој на социјалните мрежи објави дека Словачка нема да го блокира пакетот.

Фицо вчера, 17 јули, изјави дека им наложил на претставниците на Словачка да ги одобрат мерките, велејќи дека продолжувањето на блокирањето на потегот би било „контрапродуктивно“ за интересите на Словачка како членка на ЕУ.

„Во овој момент, би било контрапродуктивно да се продолжи со блокирање на 18-тиот пакет санкции утре“, рече Фицо во видео објавено на Фејсбук.

Тој додаде дека Словачка добила гаранции од ЕУ во врска со цените и снабдувањето со гас. Сепак, тој напомена и дека „е потребен натамошен дијалог“ за да се обезбеди енергетската безбедност на Словачка.

Новиот, 18. пакет санкции на ЕУ е насочен кон енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија.

Санкциите би им забраниле на операторите на ЕУ да ги користат руските гасоводи Северен тек кои се протегаат од Русија до Германија. Мерките, исто така, би го намалиле горниот лимит на цената на нафтата од 60 долари (52 евра) на 45 долари за барел.

Претходниот обид на 27 амбасадори на земјите на ЕУ да се изгласа пакетот беше неуспешен поради ветото на Словачка. Денеска, 18 јули, се очекува нов состанок на кој ќе биде дадено зелено светло.

Словачка досега го задржа 18-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија поради загриженост во врска со специјалниот план на Европската комисија за целосно запирање на увозот на гас од Русија почнувајќи од 2028 година.
Share This Article