Пет странски државјанки и сопственик на угостителски објект беа уапсени во акциска контрола на тетовската полиција во раните утрински часови. Државјанките затекнати во објектот покрај автопатот Гостивар-Тетово биле од Албанија, Косово и од Србија, а со нив биле и 6 македонски државјанки.
Сите жени биле на возраст од 20 до 53 години. Странските државјанки биле задржани во полиција.7 Поднесена им е пријава за злоупотреба на туристички престој, додека газдата, 44-годишниот Џ.М. доби пријава дека ги помагал во незаконитиот престој.
„Полицијата од СВР Тетово во раните утрински часови, помеѓу 01:00 и 04:00 на 17 јули 2025 година, го лиши од слобода 44‑годишниот Џ.М. откако во угостителски објект на улица Браќа Миладинови, покрај автопатот Гостивар–Тетово, затекна 11 женски лица на возраст од 20 до 53 години, од кои шест македонски државјанки и пет странки од Албанија, Косово и Србија“, се вели во полицискиот билтен.