Јавното обвинителство ќе бара ново вештачење, процесот ќе почне на 7 август

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски-Штекли и уште 9 лица обвинети за трговија со дрога се одложи за 7 август поради хоспитализација на обвинетиот Трајковски.

Судијатата Илија Трпков информираше дека Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезориентиран, поради што требало итно да биде пренесен во Клиничкиот центар. Такви напади, како што дополни судијата, обвинетиот имал и во текот на вчерашниот ден.

Денешното рочиште, закажано за 10 часот, првично беше одложено за по 11 часот. Но, и по одложувањето, обвинетиот сè уште не бил пренесен во болница.

– Од затворот добивме информација дека обвинетиот сè уште не е пренесен во болница, бидејќи чекаат асистенција од МВР. Со оглед дека сè  уште не е однесен и не може судот да чека цел ден да се однесе обвинетиот на лекар, судењето се одложува за 7 август – рече судијата Трпков.

По одложувањето, обвинителката Верица Бержецка Крстева информираше дека во меѓувреме Штекли доставил психијатриско мислење дека не е способен да ги следи судењата.  Обвинителката рече дека и Јавното обвинителство ќе направи вештачење по таа околност и ќе бара подготвително рочиште за да се соочат вештачењата.

Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против 10 лица за продажба на дрога, главно во скопската населба Аеродром.

Истрагата траеше речиси една година и вклучуваше посебни истражни мерки. Првично беа опфатени 16 лица, но 7 од нив склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 години до 3 години и 6 месеци.

Како што соопштија претходно од ОЈО ГОКК, групата била добро организирана, со јасно поделени улоги -– од набавка до продажба на кокаин и на марихуана.

Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуницирале преку апликацијата Снепчет, а клучни докази биле добиени преку „Селебрити“ системот за анализа на телефони, донација од САД.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article