Background

До 80% ќе се намалат трошоците во секое училиште

​Со денешното ставање во функција на фотоволтаичниот систем во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, Кисела Вода стана општина во која сите основни училишта располагаат со сопствени фотоволтаични системи.

Проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човекова околина“ се реализира преку Програмата за развој на планските региони. Инвеститор е Владата на Република Македонија преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а имплементатор е Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Кофинансирањето за вкупно осум училишта, од кои седум се од општина Кисела Вода и едно од општина Зелениково, го обезбеди Општина Кисела Вода.

– Со овој проект постигнуваме значителни заштеди, но покрај финасиската ефикасност, ова е и дополнителна инвестиција во подигнување на еколошката свест. На нашите ученици им овозможуваме да растат со конкретни примери на грижа за животната средина. Наместо само да им зборуваме за екологија, им покажуваме што значи одговорност. Со проектот беше извршено проектирање и инсталација на мрежни он-грид фотоволтаични системи до 20 kW во сите основни училишта. Вкупната инсталирана моќност изнесува 140 kWh, а се очекува годишна заштеда од 160 MWh, што е намалување на потрошувачката за 70% до 80% по училиште и претставува 18% од вкупната потрошувачка на општината. Во време на економски и енергетски предизвици, вложуваме паметно, создавајќи училишта кои произведуваат зелена енергија, заштедуваат средства и образуваат генерации кои ќе бидат свесни за важноста на екологијата. Сметам дека оваа стратегија треба да се прошири и во сите основни, но и во сите средни училишта на ниво на град Скопје, затоа што е пример како со мали вложувања можат да се постигнат големи и одржливи резултати, и за буџетот и за иднината на децата – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

- Advertisement -
Ad image

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 10.096.691 денари или 1.009.669 денари по училиште.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation