Хаос на одмор во Турција, претепани британски туристи

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британски туристи биле брутално претепани и газени од вработените во популарен ресторан во турското одморалиште Мармарис откако избувнала расправија околу сметката, објавува Дејли Меил.

Снимката прикажува група, вклучувајќи жени, како се удирани со тупаници и клоцани од персоналот во ресторанот „Мед Бојс“ во Мармарис, Турција, на 2 јуни.

Шокантното видео започнува со вербална расправија, но ситуацијата набрзо ескалира во насилна тепачка.

Двајца туристи паѓаат на земја, каде што нападот продолжува, персоналот постојано ги клоца додека лежат беспомошни на тротоарот.

 

 

Еден член на персоналот дури скока од прозорец за да се придружи на тепачката.

Се гледа како едно младо момче од групата туристи се соочува со членот на персоналот, мавтајќи со рацете и подготвувајќи се да се одбрани.

Може да се слушнат сведоци како врескаат додека хаосот ескалира.

- Advertisement -
Ad image

Полицијата била повикана на местото на настанот, но бидејќи ниту една страна не поднела жалба во тоа време, случајот бил привремено затворен.

Сепак, кога снимката од тепачката се појави на интернет, таа предизвика бес и јавна револт.

Снимката прикажува пет члена на персоналот како напаѓаат турист, додека две жени од групата се обидуваат да ги разделат.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, жените завршуваат во средината на тепачката, претепани и соборени на земја.

Поради снимката беше започната истрага од страна на турските власти.

Петте члена на персоналот идентификувани како вклучени во тепачката се приведени, а ресторанот е затворен на неодредено време.

Во разговор за турскиот весник „AKŞAM, менаџерот на ресторанот „Мед Бојс“ рече дека семејството од пет члена ја започнало тепачката затоа што не ја платиле сметката од 5.000 турски лири (околу 92 фунти).

Тој тврдеше дека туристите го провоцирале персоналот навредувајќи ги Турците и турското знаме и дека тие биле првите што нападнале.

Објавено е и видео од туристка како удира вработен со торба.

Гувернерот на округот Мармарис издаде официјално соопштение: „Треба да се знае дека насилството врз жените е целосно неприфатливо во покраината Мугла. Нашата земја цврсто стои против сите форми на насилство врз жените. Судска и административна истрага за ресторанот и неговите вработени се спроведува со целосно внимание, а сите понатамошни случувања се внимателно следени“.

Share This Article