Градоначалникот го запозна Амабасадорот со идните планови кои треба да се реализираат исто така во склоп на поранешната Касарна. Се разговараше и за евентуална поддршка на некои од тие проекти кои дополнително би го оплемениле овој простор како би добил еден урбан лик.
Амбасадорот позитивно го оцени спроведувањето на овој голем и значаен проект во чиј склоп е намалување на отпечатокот на CO2 со воведување на алтернативни средства на урбана мобилност, односно зелен урбан систем, за чија цел се набавени електрични велосипеди и електрични возила, со што населението и посетителите ќе може да ги користат за транспорт во стариот дел на градот. Диверзификација на локалната туристичка понуда преку воведување зелени рекреативни содржини адреналински парк и Pump Up патека, како и развој на локалната економија базирана на знаење преку формирање на Smart Ideas Hub како старт-ап центар.
Дополнително Амбасадорот изрази честитки за успешното финансико менаџирање на Општина Охрид во изминативе години и нагласи дека тоа ќе биде додадена вредност при аплицирањето на проекти за финанисирање од страна на ЕУ.
Исто така се разговараше и за развојот на туризмот, реализацијата на инфраструктурните проекти како локални така и државни. Стана збор и за актуелната тема поврзана со статусот на Охрид во УНЕСКО, за што беше изразена поддршка во напорите на Охрид во реализација на препораките.







