Background

АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ денеска соопшти дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација

АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ денеска соопшти дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација, како и дека во првата половина од годината остварени се позитивни резултати со зголемување на бројот на прелети над македонското небо за над 12 проценти.

Според М-НАВ, со планираните огласи за вработување, ќе се вработат лица, како замена на колеги кои се веќе заминати во пензија или ќе го остварат своето пензионерско право во текот на наредните неколу месеци, генерациски смени и други причини.

Во соопштението се наведува дека во М-НАВ АД Скопје под раководство на Управниот одбор предводен од претседателот  Владимир Ристески, се прават огромни напори да се стабилизира компанијата која со години била предмет на несериозно и неодговорно раководење.

„Се преземаат чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација. Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје, во координација со Владата на Република Северна Македонија, во  текот на 2025 година доби согласност од Министерството за финансии за вработување на високо стручен кадар специјализиран за потреби на давање воздухопловно навигациски услуги.  Ќе се вработуваат високо образовани и стручни кадри  од следните профили: четири метеоролози–прогностичари, еден метео набљудувач и еден инженер за сајбер безбедност. Дополнително заради зголемен обем на работа во Секторот за воздухопловна навигација и планирани генерациски смени во одделението за Обласна контрола на летање, М-НАВ ад Скопје ќе вработи и школува шест контролори на летање во некој од Европските центри за школување на ваков кадар кој ќе биде избран на тендер“, се наведува во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

Компанијата под раководство на претседателот на УО и директор на Секторот за воздухопловна навигација, стои во соопштението, веќе покажува резултати од реорганизацијата и промената во пристапот на менаџирање со кадрите.

„Благодарение на добро планирање на кадрите-контролори на летање и капацитетите на системот за контрола на летање, во првите шест месеци од 2025 год. се пробиени сите рекорди и остварени се позитивни резултати со зголемување на бројот на прелети кои се водат на македонското небо за над 12 проценти. За шест месеци се реализирани 133 474 летови за разлика од истиот период лани кога се реализирале 119 972 летови вклучувајќи ги и летовите до и од Скопје и Охрид. Порастот само на прелети процентуално и во апсолутна смисла е уште поголем во 2025 год во однос на 2024 год – се вели во соопштението.

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ на 19 јуни информираше дека испратиле известување до раководството на М-НАВ  со кое бараат да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Повикаа да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавија реактивирање на штрајкот на 10. следниот месец“, се наведува во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation