Background

Маск се исмева со ФБИ што не најде докази дека педофилот уценувал влијателни луѓе

Милијардерот Илон Маск на својата платформа Икс ги исмеја американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација во врска со извештајот на ФБИ дека не постои таканаречената „листа на клиенти“, односно список на влијателни личности кои осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн ги уценувал или со кои соработувал при злоупотребата на малолетнички и жени.

Маск постираше објава во која се подбива бидејќи никој не е уапсен во врска со овој случај.

Маск во друга објава на Икс се потсмева со изјавите на министерката за правда Пам Бонди, именувана од Трамп, која ветуваше дека ќе објави нови докази за случајот, но досега нема никакви резултати.

- Advertisement -
Ad image

„Ќе ја објавиме листата на Епштајн“, „Ни треба уште време“, „Листата е на мојата маса“, „Листата не постои“, саркастично набројува Маск, алудирајќи на изјавите на Трамп и неговите соработници.

Тој, исто така, реагираше на вест од септември минатата година, кога Трамп најави дека ќе ги објави документите доколку биде избран. „Еве, секој момент“, иронично напиша Маск.

Пред неколку дена, Маск сподели објава во која се прашува зошто единствено Гислејн Максвел, соработничка на Епштајн, е осудена во овој случај. „Зошто таа е единствената што оди во затвор? Каде се сите мажи кои имале сексуални односи со малолетните девојки?“, напиша поранешниот соработник на Трамп.

Нападите на Маск врз Трамп за неговите врски со Епстајн почнаа по јавниот конфликт меѓу нив двајцата во јуни.

Министерката Бонди вети дека ќе објави обемна документација поврзана со федералните истраги за Епштајн. Во неодамнешни интервјуа изјави дека доцнењето се должи на „десетици илјади“ снимки во посед на ФБИ, кои наводно содржат детска порнографија. Во февруари, Бонди на настан во Белата куќа сподели регистар со документи за Епштајн со поддржувачи на Трамп од социјалните мрежи, но се покажа дека во нив нема речиси ништо ново. Овој потег ги изненади и ги разгневи некои од сојузниците на Трамп, кои очекуваа објава на дополнителни детали.

ФБИ денеска соопшти дека во интерната ревизија, наредена од Трамп, не се пронајдени докази дека постои тајна листа со клиенти и дека со сигурност може да се потврди дека Епштајн извршил самоубиство во затвор во 2019 година.

Епштајн изврши самоубиство во затвор во 2019 година, каде што чекаше судење по обвинение за трговија со луѓе за сексуална експлоатација. Претходно, во 2008 година, тој беше осуден за поттикнување на проституција на малолетно лице. Неговата поранешна девојка Гислен Максвел беше осудена на 20 години затвор во САД за нејзината улога во трговијата со луѓе и нивна злоупотреба.

https://plusinfo.mk/fbi-ne-na-de-dokazi-deka-postoi-spiskot-na-klienti-na-epshta-n-video-od-zatvor-potvrduva-deka-seksualniot-predator-navistina-se-samoubil/

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation