Полицијата вчера уапсила 2 лица од Неготино и од Кавадарци затоа што возеле пијани.
Синоќа во 21.40 часот на булеварот Маршал Тито во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.М.(65) од Кавадарци, соопшти МВР.
„При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал М.М. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол. Измерени му се 1,81 промил алкохол во крвта“, се вели во соопштението.
Во вториот случај, утрово во 1.10 часот на улицата Западен булевар во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Т.М.(34) од Кавадарци. Тој возел „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, а во крвта му се измерени 1,95 промил алкохол.
Од МВР најавуваат дека по документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за Безобѕирно управување со моторно возило.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
