Протоколарна средба денес градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков оствари со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард.
На средбата се разговараше за актуелни политички теми и претстојните локални избори. Исто така се разговараше и за активностите кои Општина Охрид ги презема согласно препораките од УНЕСКО. Стана збор и за туризмот како и за други области во кои би можело да се оствари соработка.
Соговорниците ја потенцираа важноста од културната размена како и можностите за гостување на ирски уметници во Охрид во рамки на фестивалите кои се одржуваат во летниот период.