Повеќе од 50 воени возила се пренаменети за гаснење шумски пожари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во пресрет на најавениот топлотен бран и зголемениот ризик од шумски пожари во текот на летниот период, повеќе од 50 возила кои се дел од застарената и магационирана опрема на Министерството за одбрана и на Министерството за внатрешни работи ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермалини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и МВР се модернизираа и се обработија, им се инсталираа посебни резервоари за вода, се купија пумпи кои што работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени. Она што ни беше многу важно, навечер кога, како што велат стручно, оганот спие, да може да му пристапиме и да го угасиме за да не се распламти преку денот. Возилата се подготвуваат и многу скоро  ќе бидете сведоци на показна вежба, како од ништо направивме нешто. Очекувам 50-60 вакви возила да бидат подготвени со различно инсталиран волумен на вода до шест тона, така што очекувам да ги пречекаме пожарите подготвени – рече Мицкоски.

Тој оцени дека државата е далеку поподготвена да се справи со летните шумски пожари за разлика од изминатите години.

– Секаде за време на летниот период се случуваат пожари. Но, за разлика од изминатите години, оваа година сме многу поподготвени. Пред , пред сè тука мислам на армиските и на полициските хеликоптери, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување – два нив се тука, го чекаме и третиот да пристигне, тоа се популарно наречените Ер трактори – рече Мицкоски.

За тоа колкава сума пари е одвоена за оваа пренамена на возилата, премиерот рече „малку, тоа е пред сè е работа завршена на волонтеристичка база и на општествено одговорни компании, а Буџетот не го чини воопшто“.

Share This Article