Background

Милитантната исламистичка група Хамас денеска соопшти дека е подготвена за договор за прекин на огнот со Израел

Милитантната исламистичка група Хамас денеска соопшти дека е подготвена за договор за прекин на огнот со Израел, но дека не го прифаќа предлогот поддржан од САД и дека инсистира на својот став дека секој договор мора да води до целосен прекин на војната во Газа.

Официјалниот претставник на Хамас, Тахер ал-Нуну, изјави дека милитантната група е „подготвена и сериозна во однос на постигнување договор“, односно дека „Хамас е подготвен да ја прифати секоја иницијатива што јасно води кон целосен прекин на војната“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека Израел се согласил на услови за примирје во Газа од 60 дена и го повика Хамас да го прифати договорот, пред условите да се влошат. Трамп рече дека во текот на тие 60 дена ќе се работи на завршување на војната и оти договорот би можел да се реализира и следната недела, додека Израел тврди дека тоа нема да го прифати сѐ додека Хамас не биде разоружан и целосно поразен.

- Advertisement -
Ad image

Официјалните претставници на Хамас денеска треба да се состанат со египетски и катарски посредници во Каиро, тврдат локалните власти. Во текот на речиси 21-месечната војна, преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас постојано пропаѓаа. Хамас соопшти дека е подготвен да ги ослободи преостанатите 50 заложници, во замена за целосно израелско повлекување од Газа и крај на војната.

Со договорот за примирје од 60 дена, дел од израелската војска би се повлекла од Појасот Газа, со овозможување хуманитарна помош да стигне до жителите на тоа подрачје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation