Почна бизнис форумот Македонија – Италија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Економската соработка меѓу Македонија и Италија е на високо ниво, но потенцијалот не е доволно искористен, посебно во делот на енергетската транзиција, циркуларната економија, инфраструктурата, поврзувањето и технолошките иновации. Компаниите од двете земји треба да ги интензивираат директните контакти и заеднички да придонесат за јакнење на долготрајните деловни врски, порачаа учесниците на денешниот бизнис форум во Скопје.

Форумот го отворија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-министерката за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија,  Марија Триподи.

Муцунски напомена дека економската дипломатија е стратешки приоритет на Владата, а Италија останува многу важен партнер, особено во доменот на инвестициите.

– Акцентот на форумот го ставаме на јакнење на соработката во делот на енергетската транзиција, инфраструктурата, технолошките иновации и дигитализацијата, но и на користењето на финансиските инструменти за интернационализација. Верувам дека во блиска иднина ќе ги видиме првите практични резултати на овој план – истакна Муцунски.

Според него, нивото на трговска размена со Италија лани било околу 685 милиони евра.

– Очекуваме дека ваквиот тренд ќе продолжи, со тенденција на негово натамошно зголемување – рече министерот.

Тој изрази очекување дека ќе продолжи квадрилатералната соработка со Италија, Албанија и Бугарија за Коридорот 8.

Триподи која во обраќањето се фокусираше на економските односи, искажа и поддршка за македонските евроинтеграции. Констатира дека се недоволно искористени потенцијалите за соработка во циркуларната економија, енергетската транзиција, инфраструктурата, поврзувањето и технолошките иновации.

По форумот е предвидена билатерална средба меѓу министерот Муцунски и заменик-министерката Триподи.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article