Данскиот парламент донесе закон со кој возраста за пензионирање ја зголеми на 70 години до 2040 година, со што стана прва европска земја со воведена олку висока возраст за пензионирање.
Старосната граница од 70 години ќе важи за сите лица родени по 31 декември 1970 година.
Од 2006 година, Данска ја врзува официјалната возраст за пензионирање со очекуваниот животен век и ја ревидира на секои 5 години.
Моментално, старосната граница е 67 години, но ќе се зголеми на 68 до 2030 година и на 69 до 2035 година.
Во Копенхаген во текот на изминатите неколку недели се одржаа протести поддржани од синдикатите за да се спротивстават на зголемувањето на возраста за пензионирање.