Далај Лама денес потврди дека неговиот наследник ќе биде назначен по неговата смрт, со цел да се обезбеди континуитет на функцијата на духовниот водач на тибетската заедница.
„Потврдувам дека институцијата Далај Лама ќе биде овековечена“, рече тој за време на религиозен состанок во Меклеод Ганџ во северна Индија, каде што живее во егзил.
Роден е на 6 јуни 1935 година како Тензин Гијатсо, а на двегодишна возраст станал 14-ти духовен и политички водач на Тибеќаните, идентификуван, како што бара будистичката традиција, како реинкарнација на неговиот претходник.
Побегнал од кинеската репресија во 1959 година и оттогаш поголемиот дел од времето го поминува во манастирот Меклеод Ганџ, во подножјето на индиските Хималаи.
Прашањето за наследник е клучно бидејќи Тибеќаните се сомневаат дека Кина, чии трупи го окупираа Тибет во 1950 година и го прогласија за кинеска покраина, сака да именува наследник.
„Одговорноста (за назначување на наследник) лежи исклучиво на членовите на Фондацијата Гаденг Подранг, канцеларијата на Неговата Светост Далај Лама“, се вели во пораката објавена денес, по повод неговиот 90-ти роденден.