Од почетокот на 2025 година, заклучно со 30 јуни, во Србија се регистрирани 197 случаи на мали сипаници, објави Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Најголем број случаи се регистрирани во Нови Пазар – 95, во Тутин – 66 и во Белград – 33 случаи.
Најголем број пациенти се невакцинирани деца под деветгодишна возраст.