Италијанскиот стратег на клупата на саудиски Ал Хилал, Симоне Инзаги, ја спореди победата на својот тим од 4-3 над Манчестер Сити во осминафиналето на Светското клупско првенство со искачување на Монт Еверест без кислород.
– Клучот за овој резултат се играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед имајќи ја предвид на Манчестер Сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме – изјави Инзаги.
„Сите играчи беа исклучителни и во поседот на топката и без неа. Бевме многу добро организирани и технички игравме многу добро против многу агресивен тим. Според мене, Гвардиола е најдобриот тренер во светот, но ние го заслуживме овој резултат“, додаде Инзаги.
Од друга страна, тренерот на Сити, Гвардиола, беше разочаран по сензационалната елиминација.
– Сакавме да го продолжиме својот настап на Светското клупско првенство, но сега се враќаме дома и време е да се одмориме и освежиме за да бидеме подготвени за следната сезона – рече Гвардиола.
Ал Хилал во четвртфиналето на Светското клупско првенство ќе игра против бразилски Флуминенсе.