Во време на зголемена потреба за енергетска ефикасност, одржливост и предвидливост на трошоците, ЕДС го редефинира својот пристап кон клиентите преку новиот концепт „ЕДС како енергетски партнер“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во време на зголемена потреба за енергетска ефикасност, одржливост и предвидливост на трошоците, ЕДС го редефинира својот пристап кон клиентите преку новиот концепт „ЕДС како енергетски партнер“.

Овој стратешки правец означува отстапување од традиционалниот модел на снабдување со електрична енергија и насочување кон градење долгорочни партнерства базирани на доверба, флексибилност и заеднички развој.

– Нашата цел не е само да обезбедиме електрична енергија, туку и да понудиме консултативна поддршка, персонализирани решенија и долгорочна соработка што ќе им помогне на компаниите да ја зголемат својата енергетска ефикасност и одржливост. Иновациите што ги воведовме се насочени кон дигитализација, транспарентна комуникација, флексибилни тарифни модели и поддршка во транзицијата кон зелени извори на енергија – вели главниот извршен директор на ЕДС,  Александар Сарџовски.

Новите услуги и иницијативи вклучуваат целосна дигитализација на услугите, со цел поедноставено и транспарентно управување со енергијата, флексибилни тарифни модели изработени во консултација со клиентите и поддршка во транзицијата кон зелени извори на енергија, како дел од поширокиот напор за одржлив развој.

Со новите тарифни модели, клиентите на ЕДС добиваат можност за поголема стабилност и предвидливост на трошоците, што е особено значајно во време на динамични енергетски пазари. Двата модели се креирани според реалните потреби и предизвици со кои се соочуваат деловните субјекти.

Благодарение на своето членство во PPC Групацијата, една од водечките енергетски компании во регионот, ЕДС располага со пристап до напредни технолошки решенија, знаење и ресурси кои дополнително ја зајакнуваат нејзината способност да понуди поголема вредност за своите клиенти.

Со новиот пристап, ЕДС го поставува клиентот како стратешки партнер и се стреми да биде активен учесник во енергетската трансформација на бизнисите – преку доверба, иновации и стабилна поддршка.

Share This Article