Со финалните дуели во машка и женска конкуренција вчера во Тетово заврши тридневното Балканското првенство во одбојка на песок до 22 години што се играше од 25 до 27 јуни на игралиште оформено на градскиот плоштад.
Во женска конкуренција победи екипата на Романија, додека втори беа одбојкарките од Турција, а третата позиција го освои Молдавија. Кај мажите најдобри беа Турција 1, додека втората турска екипа ја освои втората позиција. Трети беа одбојкарите од Молдавија.
– Овие три ноќи беа едни од најубавите во Тетово. Благодарност до Одбојкарската федерација на Македонија, честитки на победничките екипи, за другите благодарност за учеството. Се надеваме дека следната година ќе имаме уште вакви настани – речче градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на затворањето на Балканското првенство.
На ова првенство учествуваа вкупно 15 екипи од шест држави. Покрај македонската репрезентација учествуваа уште одбојкари и одбојкарки од Албанија, Косово, Турција, Романија и Молдавија.
Tagged as:
Заврши Балканијадата на песок во Тетово
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
