На Самитот за дигитализација на Западен Балкан на 1–2 октомври во Скопје, ќе биде претставена македонската апликација за дигитална лична карта и возачка дозвола. Од тој ден граѓаните ќе можат да ја симнат тест‑верзијата од електронските документи и да ги користат за идните услуги.
– Електронска лична карта и возачка, и сите придружни услуги, ќе функционираат како електронски паричник – алтернатива на носење хартиени документи. Грција е одличен пример, а ние сме пред многу други балкански земји – изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Откако денеска во Собранието беа изгласани пакетите закони за дигитализација од реформската агенда, Андоновски потврди дека се воспоставени законски решенија според европските стандарди и усогласени со ЕУ‑праксата.
Тој додаде дека порталот uslugi.gov.mk веќе има над 6.300 корисници, меѓу кои институциите, на пример, судовите веќе ја прифаќаат електронската потврда за неосудуваност.
– Час поскоро ќе го исклучиме е‑системот за изводи од матична книшка, за да нема двојни постапки – изводување ќе биде само преку uslugi.gov.mk. И ќе воведеме „Електронско сандаче“, каде граѓаните ќе добиваат известувања директно – рече Андоновски.
На прашање за електронски попис, министерот порача дека имаме не само капацитет, туку и програмска обврска во Владата за дигитален попис во 2026 година. Потсетувајќи на Критиките на Уставниот суд кон пописот од 2021.
– Формиравме работна група за технички подготовки – цел на дигитален попис е да ја вратиме довербата на граѓаните. Ако не успееме, тогаш\–2031 година е следниот редовен рок – вели министерот.
Собранието денеска отвори нова фаза во дигитална трансформација со донесување на четири закони: за електронски комуникации, за сајбер‑безбедност, за електронски документи и е‑услуги, и за архивска дејност.