Земјотрес со јачина од 4,0 и 4.1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во Албанија.
Граѓаните на веб-страницата на EMSC велат дека земјотресот траел кратко време и не се тресел многу, но дека секако бил почувствуван.
„Драч, се тресе“, „Кратко, но беше убаво почувствуван“, напишаа тие во коментарите.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.