Џеси Џеј сподели на Инстаграм дека сега се „ослободила од ракот на дојка“ откако имаше операција оваа недела

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Џеси Џеј сподели на Инстаграм дека сега се „ослободила од ракот на дојка“ откако имаше операција оваа недела.

Порано овој месец, 37-годишната пејачка, најпозната по хитовите како „Price Tag“, „Domino“ и „Bang Bang“, објасни дека ќе „исчезне“ извесно време откако ѝ беше дијагностициран рак.

Џеси Џеј, чие вистинско име е Џесика Елен Корниш, откри дека треба да се оперира по настапот на „Самертајм бал“ на Капитал, кој се одржа на 15 јуни. Десетина дена подоцна, таа сега изјави дека операцијата била успешна и дека ракот е „целосно исчезнал“.

Објавувајќи фотографии од болницата на Инстаграм, таа напиша список на „предности“: „Ракот целосно исчезна. Мојата брадавица е таму каде што и беше. Можам да го гледам „Љубовен остров“ без грижа на совест. Одморам и разговарам со моите пријатели повеќе од кога било.“

„Мајка ми живее со нас. Мојот суперхерој. Скај е едноставно Скај. Ченан ми дава чувство на сигурност, а пораките се 10/10. Поврзувањето со други луѓе кои поминуваат низ истото и можноста да си даваме поддршка едни на други. Многу други работи…“

На фотографиите што ги објави, може да се види дека покрај безусловната поддршка од нејзината мајка, нејзината најголема поддршка е и нејзиниот партнер со кого доби син.

Меѓутоа, таа потоа објави список и на „минуси“ од нејзината својата ситуација, кој вклучуваше:

– Тоа што не сум мајка каква што сум навикнала да бидам и што не можам да го кренам Скај, постојано сум во движење. Се плашам ракот да не ми се врати… Но, тоа е дел од сето ова. Болката и непријатноста се очекувани, но навистина е тешко кога се обидувам да спијам – напиша Џеси.

- Advertisement -
Ad image

Додала и дека се мачи со наједноставни работи, како кивањето кое ѝ предизвикува болка.

Во текот на настапот на настанот Капитал, Џеси им рече на обожавателите: „Денеска е мојот последен настап пред да одам да го победам ракот на дојка“.

Следеа пораки за поддршка:

- Advertisement -
Ad image

„Неверојатно си силна. Ти испраќам многу лековита енергија и љубов. Многу луѓе треба да го видат ова за да знаат дека не се сами“, ѝ напиша пејачката Џос Стоун.

„Те сакам Џес, твојата музика ми помогна кога поминував низ истото во 2011 година. Сега се молам за тебе“, напиша една девојка, додека други ѝ посакаа брзо закрепнување и опоравување.

Share This Article