Десетобоецот Огнен Стефановски, го собори националниот рекорд во скок со стап на Европското тимско првенство (Дивизија 3) во Марибор.
Стефановски прескокна 4,05 со што го сруши рекордот од 3,90 на Владимир Карер поставен во Ливорно во 1968 година. Претходно најдобриот скок на Стефановски во оваа дисциплина беше 3,80 од јануари оваа година.
Минатата година Стефановски успеа да го сруши и рекордот во скок со стап, во сала прекокнувајќи 3.65 метри кој беше недостижен цели 55 години.
Светски рекордер во дисциплината скок со стап е на Швеѓанецот Арманд Дуплантис кој пред десет дена ја помести границата на 6,27 метри.